
Швајцарската програма за култура во Југоисточна Европа и Украина, која Швајцарската фондација за култура Про Хелветиа ја имплементира во согласност со мандатот кој го доби од Швајцарската агенција за развој и соработка влегува во нова и финална фаза започнувајќи од 1. јануари 2008. Одсега, програмата ќе се фокусира на регионот на Западен Балкан со Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Косово и ќе се зајакне регионалниот приод. Програмата е дизајнирана за 5 годишен период и ќе заврши во 2012.
Како резултат на интеграцијата на Бугарија и Романија во ЕУ, канцелариите во Софија и Букурешт се затворија до истекот на 2007 година. Канцеларијата во Киев, Украина ќе се затвори на крајот на 2008.
Од јули 2008 година, Швајцарската програма за култура во Западен Балкан ќе се управува од нова регионална канцеларија во Сараево, со локални канцеларии во Белград, Скопје (до крајот на 2009), Тирана (до крајот на 2010) и Приштина (до крајот на 2011).
Главната цел на Швајцарската програма за култура во Западен Балкан е да придонесе кон промоцијата на демократијата и слободата на изразувањето, решавањето на конфликтите и почитувањето на малцинствата. Програмата ќе се фокусира на регионални проекти, со интеркултурна и интеретничка соработка, со посебен акцент на младите и структурите кои овозможуваат широка културна партиципација. Доброто владеење и справедливоста (полна, генерациска, малцинска) мораат да бидат земени во предвид од сите културни проекти кои се адресираат до Швајцарската програма за култура.
Швајцарската програма за култура во Западен Балкан работи на две акциски линии, регионални кооперативни акции и мали акции. Идните кооперативни проекти ќе бидат регионални, т.е. ќе вклучуваат најмалку две земји од програмата. Новиот концепт за регионалните кооперативни проекти и соодветните критериуми и процедури ќе бидат објавени на страниците на Швајцарската програма за култура до јуни 2008. Што се однесува на малите акции, тие ќе продолжат според сегашните процедури, со некои помали измени. Акциската линија мали акции ќе згаснува постепено пратеќи го затворањето на локалните канцеларии во различните земји на програмата. За понатамошни информации проверувајте ја нашата веб страница.Швајцарска програма за култура во Македонија / ПРО ХЕЛВЕТИА Скопје поддржува проекти на културни организации и здруженија, и индивидуалци од областа на современата уметност - музика, театар, танц, литература и ликовни уметности. Швајцарска програма за култура во Македонија / ПРО ХЕЛВЕТИА Скопје изведува програма за поддршка на македонската култура, за развивање и јакнење на независните организации, за ширење на двостраната и повеќестраната соработка во сферата на уметноста во земјата и во регионот.
На 1 ноември 1999 година, официјално отпочна со работа канцеларијата на ПРО ХЕЛВЕТИА во Скопје, Република Македонија.
Во нашиот прв мандат кој траеше се до крајот на 2002, поддржавме 4 среднорочни проекти и 170 краткорочни проекти од разни области на македонската современа култура и уметност (продукција на претстави, изложби, концерти, печатење на книги, каталози, часописи, издавање на носачи на звук, учества на семинари, фестивали, изложби во земјите од регионот или Швајцарија итн.).
Од 2003 канцеларијата започна да работи во рамки на нов мандат насловен Швајцарска програма за култура во Југоисточна Европа и Украина со одредени промени во начинот на работа. Канцеларијата сега ја води локален персонал и за Малите акции (претходно краткорочни проекти) одлучува локален одбор.
Швајцарска програма за култура во Македонија / ПРО ХЕЛВЕТИА Скопје посветува посебно внимание на остварувањето на Кооперативните проекти, кои се остваруваат во соработка со македонски партнер организации со цел создавање на солидна основа за нивно стабилизирање и институционализирање. Во иднина, помошта на Програмата би требало да овозможи нивен самостоен развој, да им обезбеди солидна база и финансиска независност.
Швајцарска програма за култура во Македонија / ПРО ХЕЛВЕТИА Скопје нуди помош и консултации при подготовката на апликациите за финансиска поткрепа, како и помош во барањето на соодветни партнери во Швајцарија. Канцеларијата располага со стручна и информативна литература, како и со колекција на компакт дискови на швајцарска музика од сите жанрови.
За секакви поподробни информации вработените во канцеларијата на Швајцарска програма за култура во Македонија / ПРО ХЕЛВЕТИА Скопје Bи стојат на располагање.
Контакт:
|
Персонал:Христина Иваноска, Оливер Мусовиќ, Работно време: |
Швајцарската програма за култура е заедничка програма на Швајцарската фондација за култура PRO HELVETIA (Arts Council of Switzerland PRO HELVETIA) и Швајцарската агенција за развој и соработка SDC (Swiss Agency for Development and Cooperation SDC).
Швајцарската програма за култура е убедена дека уметноста и културата имаат клучна улога во процесот на социјални и економски промени. Уметноста и културата поттикнуваат креативни и иновативни пристапи во справувањето со предизвиците на едно општество во трансформација. Културните активности вклучуваат индивидуалци и заедници во отворена размена на искуства, го унапредуваат меѓусебното разбирање и го зајакнуваат граѓанското општество.
Швајцарската програма за култура нуди поддршка на локалните партнери во југоисточна Европа и Украина, активни во областа на уметноста и културата. Целта на програмата е зајакнување на институциите, организациите и неформалните групи кои придонесуваат за разновидноста, независноста и подобрувањето на културниот живот.
Швајцарската фондација за култура PRO HELVETIA е основана со федерален-државен закон во 1939. Приоритет на PRO HELVETIA е промовирањето на современото уметничко творештво, културната размена и културниот дијалог како во Швајцарија така и надвор од неа.
Швајцарската агенција за развој и соработка SDC е дел од Федералниот оддел за надворешни работи. Главна цел на агенцијата е поддршка на земјите партнери во нивните политички, економски и социјални транзиции.
Во 1999 година Швајцарската фондација за култура PRO HELVETIA доби мандат од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC да реализира програма за култура во југоисточна Европа и Украина.
Швајцарската програма за култура вклучува седум земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора и Украина. Локални канцеларии се оформени во Тирана, Сараево, Софија, Скопје, Букурешт, Белград и Киев.
Стратешкиот и главен оперативен менаџмент на програмата е лоциран во седиштето на PRO HELVETIA во Цирих и е дел од нејзиниот оддел за надворешни работи. Регионалниот програмски координатор е со седиште во Белград.
![]()
PRO HELVETIA
Swiss Cultural Programme
South East Europe and Ukraine
Hirschengraben 22
CH - 8024 Zurich
www.pro-helvetia.ch (Pro Helvetia,
седиште)
www.deza.admin.ch (SDC, седиште)