
Мала сума на сретства е сеуште достапна за проекти кои би требало да се реализираат до крајот на 2008 или почетокот на 2009 година. Ве молиме да аплицирате најбрзо што можете со доставување на пополнета апликација на емаил адресите на Швајцарската програма за култура.
![]()
Доставување на апликации за периодот февруари – октомври 2009
Последниот состанок на Националниот одбор на Швајцарската програма за култура во Македонија кој ќе одлучува за проекти кои се планирани да започнат кон крајот на февруари 2009 а ќе бидат целосно реализирани до крајот на октомври 2009 ќе се одржи кон средината на месец февруари 2009.
Крајниот рок за доставување на предлог проекти е ПЕТОК, 16. јануари 2009.
Формуларот за аплицирање можете да го превземете тука или на Ваше барање да ви биде испратен на Вашата електронска адреса. Пополнетата апликација, доколку е возможно, препратете ја до канцеларијата по електронска пошта.
За да се одлучува врз основа на Вашата апликација потребни ни се комплетни и прецизни информации. Апликацијата се смета за целосна доколку ниедна од информациите од суштинско значење за проектот не недостасуваат во формуларот за аплицирање. Пректот треба да биде детално разработен, и да бидат наведени што е можно попрецизни информации (кој, што, каде, кога, како...).
Подносителот на проектот (НВО, институција, поединец...) може да достави само по еден предлог проект при секој рок за аплицирање. Доколку проектот е еднаш одбиен од страна на Локалниот одбор, проектот неможе повторно да биде доставен во иста форма.
Формуларот за аплицирање треба да биде пополнет на англиски јазик. Доколку Ви е потребна помош или појаснувања при пополнувањето на апликацијата можете да се обратите директно во канцеларијата.
Како дополнување на формуларот за аплицирање Ве молиме доставете информации за проекти од областа на уметноста и културата кои Вие, Вашата група или организација ги има реализирно (биографии, фотографии, брошури, каталози, прес материјали, видео или аудио касети, ЦД-а итн.). Направете избор на најдобрата или најрепрезентативна документација/материјал. Дополнителниот материал можете да го испратите по пошта или да го доставите во нашата канцеларија.
Одлуката на Локалниот одбор ќе Ви биде соопштена преку официјално писмо. Подносителите на проектите немаат право на жалба на одлуките на Локалниот одбор.
Апликантите на поддржаните проекти треба да ја следат процедурата наведена во официјалното писмо за одобрен грант.
Работиме со локален одбор кој се состои од четири локални експерти и еден претставник од локалната канцеларија на SDC. Одборот одлучува за поддршка на малите акции и може да предложи идеи за кооперативни проекти. Одлуката на овој одбор ќе биде соопштена преку официјално писмо. Подносителите на апликациите немаат право на жалба по одлуката на одборот.
Кооперативни проекти се идентификуваат од страна на нашата канцеларија во соработка со Дирекцијата на програмата. Одлуките за поддршка на кооперативните проекти се донесуваат заеднички од страна на седиштето на PRO HELVETIA и SDC.
Им благодариме на поддржаните проекти за обележувањето на поддршката од Швајцарската програма за култура со вклучување на нашето лого во сите публикации што се однесуваат на поддржаниот проект (прес материјали, каталози, постери итн.).
Ве молиме прочитајте ги најпрво нашите Насоки за употреба на логото.
Логата се достапни за превземање од оваа страница.
![]() |
|
| Лого во боја / JPG (41 KB) / EPS (347 KB) | Црно-бело лого / JPG (40 KB) / EPS (347 KB) |
сите логоа во zip.
Во специфични случаи (публикаци со големина 70х50см или поголеми, како на пр. постери) покрај нашето лого на Швајцарската програма за култура, логото на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) треба да се употреби (за повеќе, видете ја последната страна од насоките за употреба на нашето лого).
Логото на SDC можете да го превземете тука.