Приказ за печатење English Shqip Линкови галерија press to eXit

 
Регионални насоки за делување

Регионални програмски приоритети

Мали акции/Регионални мали акции: Критериуми за аплицирање
 

Регионални насоки за делување

Локалниот совет ги носи своите одлуки врз основа на регионалните насоки за делување, кои служат како референца и инструмент за делување на локалните канцеларии и советите на Швајцарската културна програма во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија. Регионалните насоки за делување го заменуваат претходниот стратешки документ Country Concept. Овие насоки се донесени како резултат на спроведената ревизија на програмата Мали акции во сите земји во кои делува Швајцарската програма за култура, следење на културниот контекст од страна на локалните совети и одржаниот регионален состанок со претставници од сите локални канцеларии и совети на програмата, како и преставници од Швајцарската агенција за развој и соработка и Про Хелветиа. Регионалниот состанок во 2006 година во Синаја (Романија).

 

 

Регионални програмски приоритети

Регионалните програмски приоритети се однесуваат на сите земји во програмата и служат како општа тематска рамка за идентификување на Кооперативните проекти, Малите акции и Регионалните мали акции, како и иницијативите на програмата.

Еден проект е подобен за разгледување за поддршка доколку исполнува најмалку еден од регионалните приоритети:

Проектот е подобен доколку дополнително го исполнува националниот приоритет:

 

 

Критериуми за селекција на Мали акции

Следниве критериуми се однесуваат на програмата Мали акции. За апликацијата да продолжи во фазата на селекција, проектот мора прво да биде подобен со тоа што исполнува барем еден регионален приоритет. Ако дополнително го исполнува и националниот приоритет тоа се смета како дополнителна предност. Во фазата на селекција сите апликации ќе се разгледуваат во однос на критериумите и најдобрите ќе бидат одбрани за поддршка.

а) Програмски критериуми

Поддршка нема да добијат проекти кои:

Дополнително предлог проектот треба да ги исполнува следните услови:

Дополнително Регионалите мали акции мораат:

б) Критериуми за селекција на Мали акции

Само предлог проекти кои ги исполнуваат горенаведените програмски критериуми ќе бидат презентирани пред локалниот совет за одлука за нивна поддршка. Во оваа фаза апликациите ќе бидат рангирани според следниве критериуми:

  1. Уметнички квалитет: Кој за целите на оценувањето ќе биде разгледуван во однос на следниве елементи: (а) техника (б) оргиналност (в) стремеж (г) одек и (д) магија.
  2. Иновација: Проектите треба да демонстрираат иновација во идејата или во постапката, иако иновацијата во многу зависи и од контекстот.
  3. Развој/придонес на/кон заедницата: Проектите би требало да демонстрираат јасни и остварливи придобивки за заедницата. Апликантите треба да бидат свесни за тоа што сакаат да го постигнат покрај нивните творечки цели и да имаат јасен план како тоа да го остварат.
  4. Партнерство: Проектите треба да се отворени и да поттикнуваат соработка со други, во или вон културниот сектор.
  5. Ризик: Проценка на ризикот - во однос на професионализмот на апликантот, претходно искуство, можности за обезбедување дополнителни средства, можни закани/пречки за реализирање на преоктот - ќе биде земен во предвид при разгледувањето.
  6. Вредност (за парите): На крај, секој предлог проект ќе се оценува во однос на предвидените резултати и предвидените трошоци.